MKinformer

your daily dose of news

Србија започна преговори со „Росатом“ за изградба на нуклеарна централа

17/09/2025 10:36

Србија влезе во конкретни преговори со руската државна корпорација „Росатом“ за изградба на прва нуклеарна централа во земјата, потврди српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ.

„Сериозно разговараме за ова со Росатом. Нема подобра компанија во светот за изградба на вакви објекти. Убеден сум дека во наредните години ќе има значаен напредок, бидејќи Србија има потреба од стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија. Ќе ја реализираме оваа цел по секоја цена“, изјави Бабиќ за руските медиуми.

Ваквиот потег е возможен благодарение на одлуката на српскиот парламент од ноември 2024 година, со која беше укината повеќедецениската забрана за изградба на нуклеарни централи, воведена во 1989 година по несреќата во Чернобил.

Проектот, доколку се реализира, ќе претставува историски чекор за енергетската независност и одржлив развој на Србија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!