Најавени прекини на струја во повеќе скопски општини на 18 септември
18/09/2025 8:36
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека, според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, на 18 септември 2025 година (четврток) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија на повеќе локации низ Скопје и околината.
Распоред на прекините:
-
08:00 – 11:00 часот: селата Рашче, Бојане, Копаница, Горни и Долни Свиларе, Радуша и Кондово (Општина Сарај), како и дел од населба Волково (Општина Ѓорче Петров);
-
08:30 – 15:00 часот: село Таор (Општина Зелениково);
-
08:30 – 15:30 часот: дел од ул. „Благоја Гојан“ и ул. „Рилски конгрес“ (Општина Кисела Вода);
-
09:00 – 12:00 часот: дел од ул. „Коле Неделковски“ (од ул. „Ленинова“ до Градинката) (Општина Центар);
-
09:00 – 12:00 часот: ул. „Домазетовска“ во с. Драчево (Општина Кисела Вода);
-
09:00 – 13:00 часот: дел од ул. „Осло“ (Општина Карпош);
-
09:00 – 15:00 часот: околината на ул. „Козле“ бр. 149 (Општина Карпош);
-
09:30 – 12:00 часот: улиците „Речиште“ и „Герника“ во с. Драчево (Општина Кисела Вода).
Граѓаните се повикуваат навремено да се прилагодат на најавените прекини и да преземат мерки за заштита на своите електрични уреди.



