Прекин на електрична енергија во скопски општини
19/09/2025 9:21
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, информира дека на 19 септември 2025 година (петок) ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на следниве локации:
-
Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата Хо Ши Мин во населба Бутел (Општина Бутел).
-
Од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има кај корисниците од улицата Студеничанска (Општина Кисела Вода).
Граѓаните се замолуваат навремено да се подготват и да ги завршат своите обврски пред најавените прекини.



