MKinformer

your daily dose of news

Утре голем дел од Скопје без струја: Прекини од 04:00 часот во шест општини

25/02/2026 21:05

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (26.02.2026) без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.

Најраните прекини започнуваат во 04:00 часот наутро и ќе ги опфатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел. Во текот на денот прекини се најавени и во Центар, Аеродром, Сингелиќ и Карпош.

Според најавата, без струја ќе останат:

Чаир: Населбите Север, Топанско Поле и дел од Чаир
Шуто Оризари: Дел од општината
Бутел: Населба Бутел и цело Визбегово, вклучително и индустриската зона

Во Центар, во периодот од 07:30 до 15:30 часот, прекин ќе има во дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“, околу Поликлиника „Идадија“, Веро маркет, АМСМ, Клубот на пратеници и околните објекти.

Во Аеродром, од 08:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од улицата „Тодор Чангов“, ресторанот „Мирко 919“ и околните маркети и објекти.

Во Сингелиќ, од 09:00 до 13:00 часот, прекин ќе има во дел од улицата „Финска“, додека во Карпош, од 11:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде улицата „Крагуевачка“ бр. 9.

Надлежните апелираат граѓаните и деловните субјекти навреме да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!