MKinformer

your daily dose of news

„Стоп за Вардариште“ демантира партиски влијанија, неколкумина на протест, илјадници заглавени во сообраќај

23/09/2025 13:35

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ испрати соопштение во кое категорично демантира каква било поврзаност со политички партии или организации, откако в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изнесе тврдења дека протестите се партиски мотивирани.

„Најостро демантираме дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца“, се наведува во реакцијата.

Иако организаторите велат дека станува збор за искрена граѓанска борба, вниманието на јавноста денеска беше насочено кон фактот дека само мал број лица излегоа на протест, но со тоа создадоа значителни проблеми за останатите жители. Утрото беше отежнато движењето кон работа и училиште, бидејќи блокадите предизвикаа застој и нервоза кај голем број граѓани кои не беа дел од протестот.

Од иницијативата потенцираат дека протестите ќе продолжат секој ден во 18 часот кај мостот Близнак, но дел од јавноста реагира дека мали групи не треба да им го отежнуваат секојдневието на илјадници граѓани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!