MKinformer

your daily dose of news

Полициска акција со пукотници во Скопје – завршница кај Идризово

07/10/2025 8:02

Жителите на Скопје синоќа беа вознемирени од пукање и полициска бркотница што се случила на патот кон Идризово, во рамки на полициска акција за запирање на возило марка „ренџ ровер“.

Според првичните неофицијални информации, возачот на џипот одбил да застане на повеќе полициски сигнали, по што започнала потера низ неколку делови од градот. Бркотницата завршила во близина на стариот пат кон Велес, каде возилото излетало во ендек покрај патот.

📸 На видеоснимки што кружат на социјалните мрежи се гледа блокада на патот, присуство на повеќе полициски возила и распоредени екипи на терен.

Во текот на потерата, според очевидци, се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје и дали има повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека ќе излезат со официјални информации откако ќе заврши увидот на местото на настанот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!