MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Еве што го спасило Кајмаковски од киднаперите

08/02/2026 13:48

Нови драматични детали излегоа во јавноста за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кое се случило синоќа во Белград.

Според српските медиуми, кратко по киднапирањето, сторителите наишле на полициска рација на улицата Караѓорѓева. Откако возачот на белото возило „Volvo XC60“ ги игнорирал полициските наредби за запирање, започнала потера во правец на Бранков мост.

Во акцијата веднаш се вклучиле најелитните единици на Министерство за внатрешни работи на Србија и Полициската управа во Белград. Потерата била координирана од УКП, со поддршка на САЈ, Жандармеријата, ССК, СБПТЕ, Сообраќајната полиција и Техничката дирекција.

Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград: побарани 20.000 евра, драмата заврши со полициска интервенција

Според информациите, за време на целата потера киднаперите држеле пиштол вперен кон главата на Кајмакоски, барајќи 20.000 евра за неговиот живот. Истовремено му се заканувале дека нивни соучесници наводно го следат неговиот дом и дека ќе им наштетат на неговата сопруга и деца.

По поминувањето на наплатната рампа Шимановци, притисокот од полицијата го принудил возачот да направи грешка. При свртувањето кон Рума, возилото удрило во заштитно рамо. Двајца вооружени напаѓачи успеале да избегаат во темнината, додека припадници на УКП го пронашле Кајмакоски врзан во смачканото возило.

Областа околу Рума е под целосна полициска блокада, а припадници на САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и термовизиска опрема во потрагата по бегалците. Според исказот на жртвата, киднаперите меѓусебно комуницирале на турски јазик.

Вишото јавно обвинителство случајот официјално го квалификувало како киднапирање, а истрагата е во тек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

error: Содржината е заштитена од копирање !!