MKinformer

your daily dose of news

Силен земјотрес во Турција

09/10/2025 8:54

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди западна Турција, соопшти утрово Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил синоќа во 23:54 часот на длабочина од девет километри во близина на Кутахја, на 18 километри од Симав.
Нема веднаш пријавени штети или повредени.
Земјотресот бил почувствуван во Бурса, Баликешир, Ескишехир и Маниса.

error: Содржината е заштитена од копирање !!