MKinformer

your daily dose of news

Одложена средбата меѓу Рубио и Лавров – неизвесна и средбата Трамп–Путин

21/10/2025 10:45

Планираната средба меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, која требаше да се одржи оваа недела, е одложена, пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на добро упатени дипломатски извори.

Според истите извори, со ова одложување се поместува и можната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која беше очекувана по разговорите на дипломатско ниво.

Во четвртокот, по телефонскиот разговор со Путин, претседателот Трамп изјави дека двајцата лидери се согласиле нивните „советници на високо ниво да одржат средба следната недела“, што сега најверојатно ќе биде пролонгирано.

Иако не се наведени конкретни причини за одложувањето, аналитичарите оценуваат дека напрегнатите односи меѓу двете земји и различните ставови околу санкциите и безбедносните прашања може да стојат зад ваквата одлука.

error: Содржината е заштитена од копирање !!