MKinformer

your daily dose of news

На 30 Октомври ќе се сретнат Си Џинпинг и Трамп, во Јужна Кореа

24/10/2025 9:07

На брифинг, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја потврди средбата меѓу двајцата лидери.

„Во четврток, претседателот Трамп ќе учествува на билатерален состанок со претседателот Си од Кина“, рече таа.

Средбата меѓу Си и Трамп беше планирана со недели, но беше доведена во прашање бидејќи тензиите меѓу двете најголеми економии во светот продолжија да растат.

 Ова ќе биде прва средба лице в лице за двајцата лидери откако Трамп се врати на функцијата.

Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 100% царини на кинеските стоки почнувајќи од ноември доколку Кина не ги укине заострените ограничувања за извоз на ретки земни елементи.

Билатералната средба е закажана  на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој се одржува од 31 октомври до 1 ноември оваа година во јужнокорејскиот град Гјеонгџу.

Тоа е дел од пошироката посета на Трамп на Азија, која вклучува и посета на Малезија во недела за самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

error: Содржината е заштитена од копирање !!