Во следните денови поладен и влажен бран пристигнува во Македонија, можен е и снег на планините
28/10/2025 12:01
Над Македонија денес пристигнува брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад, кој ќе донесе промена на времето и пониски температури. Според метеоролошките најави, во претпладневните и раните попладневни часови времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели над 1800 метри ќе се појават и врнежи од снег.
Бранот ќе биде проследен со засилен северен и северозападен ветер, кој најмногу ќе се почувствува долж Повардарието.
Во Скопје и околината се очекува повремен локален дожд, со повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 16 степени, додека во останатите делови од државата дневните температури ќе се движат меѓу 11 и 18 степени.
Метеоролозите предупредуваат граѓаните да бидат внимателни при патувања и да се подготват за поладни денови што следуваат.




