MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со локален дожд и снег, температурите во благ пад

27/01/2026 8:42

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во источните делови од државата ќе има повремен локален дожд во пониските предели, додека на повисоките места ќе врне дожд и снег, а на планините се очекува слаб снег. Во текот на попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне околу 9 степени.

Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време, со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, при што дневните температури ќе имаат тенденција на опаѓање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!