Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
28/10/2025 9:44
Денеска времето во земјата ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
🌡️ Максималните дневни температури ќе се движат:
-
од 11 до 19 °C низ поголемиот дел од државата.
Времето во Скопје
Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 16 °C.
Прогноза за утре
Утре наутро времето ќе биде претежно ведро и постудено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе се движат од 14 до 20 °C.



