MKinformer

your daily dose of news

Облачно и постудено време со дожд денеска: Температури до 23 степени

25/09/2026 8:12

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и постудено време со дожд, а врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и утре претпладне.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места се очекуваат повремени врнежи, а локално тие ќе бидат и пообилни.

На одредени места може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите од 4 до 23 степени

Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени.

Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 11 до 23 степени.

Поради облачноста и врнежите, во поголем дел од земјата времето ќе биде чувствително постудено во споредба со претходните денови.

Дожд и во Скопје

Во Скопје времето исто така ќе биде облачно и постудено.

Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен, а повремено и со засилен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде околу 9 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Облачно и постудено време со дожд ќе се задржи и во текот на ноќта, а врнежите ќе продолжат и утре претпладне.

error: Содржината е заштитена од копирање !!