⚡ Денеска без струја делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош
31/10/2025 10:56
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 31 октомври, поради технички зафати на електроенергетската мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
🔌 Прекин на струја по општини:
-
Општина Кисела Вода:
👉 Во периодот од 08:30 до 15:00 часот – без струја ќе бидат корисниците на булевар Борис Трајковски бр.1 (Пеглата), влез 2. -
Општина Ѓорче Петров:
👉 Во периодот од 09:00 до 10:00 часот – без електрична енергија ќе останат корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. -
Општина Карпош:
👉 Во периодот од 09:00 до 15:00 часот – прекин ќе има кај корисниците на улицата Леринска, во околината на број 3.
Од ЕВН Македонија апелираат граѓаните однапред да ги планираат своите активности и да бидат внимателни при користење на електрични уреди во моментот на повторно вклучување на струјата.


