MKinformer

your daily dose of news

ХОРОР ВО ПЕТРОВЕЦ: Ја врзувал сопругата со каиш, ја тепал со клоци и тупаници

01/11/2025 11:17

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на с. Петровец, осомничен за кривично дело „нанесување тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

👉 Според обвинителството, на 28 октомври, по кратка расправија во семејниот дом, осомничениот физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со раце и нозе по телото и главата, ја гушел и се обидел со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да избега преку прозорецот и да побара помош кај соседите.

Од нападот таа се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на три ребра и повеќе хематоми.

Обвинителот ценеше дека постои опасност осомничениот да побегне или повторно да го изврши делото, особено затоа што насилството се случило и во присуство на ќерките и малолетната внука.

Поради тоа, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје е поднесен предлог за определување мерка притвор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!