MKinformer

your daily dose of news

52-годишник од Скопје, ја тепал својата бремена и 20 години помлада девојка

14/02/2026 14:49

Основно јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело телесна повреда според член 130 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот при вршење семејно насилство во дом на улицата Рајко Жинзифов, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.

За време на расправија, тој започнал да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи ѝ телесни повреди, гребаници, отоци и хематоми по главата и телото. Кога оштетената почнала гласно да вика за помош, осомничениот станал уште поагресивен, а во еден момент ја притиснал со рацете на вратот, со намера да ја замолчи.

Жртвата успеала да го убеди да тргнат кон гинеколог за ЕХО преглед, а кога возилото застанало на семафорите на булеварот Св. Климент Охридски, таа избегала од автомобилот и влегла во блиско кафуле, каде побарала помош и веднаш пријавила во полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост: редовно јавување кај надлежен орган, привремено одземање патна исправа и забрана за приближување или воспоставување контакт со оштетената.

error: Содржината е заштитена од копирање !!