MKinformer

your daily dose of news

По Игор Југ, замина и Кире Ѓорѓиевски, уште еден патриот, уставобранител кој не ја дочека правдата

01/11/2025 12:54

Македонија изгуби уште еден од своите уставобранители. Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните од 27 април, почина утрово во болница, потврдија од Управата за извршување санкции. Според информациите, Ѓорѓиевски подолго време бил во тешка здравствена состојба и, иако се борел до последен момент, неговото срце не издржа.

По смртта на Игор Југ, ова е втор трагичен случај меѓу уставобранителите – луѓе кои, според многумина, беа неправедно осудени и заборавени од државата. Ѓорѓиевски, како и Југ, ја дочека својата последна зора зад решетки, без да ја види правдата за која веруваше дека се борел.

Неговите соборци и поддржувачи го опишуваат како човек со силен патриотски дух, кој останал верен на своите идеали и покрај сите удари и тешкотии. За нив, Кире Ѓорѓиевски не е само број во судска пресуда, туку симбол на непокор и љубов кон татковината.

Со неговата смрт, се продлабочува чувството на неправда и болка кај семејствата и поддржувачите на уставобранителите. Уште еден живот згасна во очекување на слободата и вистината.

Редакцијата на МК ИНФОРМЕР упатува искрено сочувство до Фамилијата на Кире Ѓорѓиевски

error: Содржината е заштитена од копирање !!