MKinformer

your daily dose of news

Почина актерската легенда Гоце Тодоровски

27/07/2026 7:48

Македонија се простува од Гоце Тодоровски, замина еден од најголемите актери

Почина доајенот на македонското глумиште на 75-годишна возраст

Македонската култура остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. На 75-годишна возраст, по долга борба со здравствените проблеми, почина Гоце Тодоровски – актерот кој со децении остави неизбришлива трага во театарот, телевизијата и радиото, а со својот талент и харизма стана еден од симболите на македонската актерска сцена.

Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство.

Неговата ќерка Сашенка Тодоровска со емотивна порака се прости од својот татко.

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба … Го напушти овој свет, а ми вети … Срцето не издржа, престана да работи … Го реанимираа, направија сè, престана да диши, на кислород ставен, практично апаратурата го држеше, не издржа бе татко … Невидена желба за живот … Лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено, сега летај со ангелите … Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, остана без една половина. Иако пензионирани, не се помири и готово. Крај. Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет.“

Актер кој остави неизбришлива трага

Зад Гоце Тодоровски остануваат десетици улоги во театарот, телевизијата и радиото. За многу генерации гледачи, неговото име ќе остане неразделно поврзано со серијалот „Македонски народни приказни“, преку кој македонската традиција, народниот дух и хуморот стигнаа до илјадници домови.

Покрај телевизиската кариера, тој беше долгогодишен член на Драмскиот театар во Скопје, каде создаде бројни антологиски улоги и се етаблира како актер со извонреден комичен и драмски израз.

За својот повеќедецениски придонес во македонската култура беше добитник на бројни награди и државни признанија.

Наследство што ќе живее

Иако во последните години од животот се соочуваше со сериозни здравствени предизвици и ретко се појавуваше во јавноста, Гоце Тодоровски остана препознатлив по својот оптимизам, ведар дух и исклучителна човечност.

Со неговото заминување, Македонија загуби еден од своите најголеми уметници. Но, богатото творештво, незаборавните ликови и делата што ги остави зад себе ќе продолжат да живеат како траен дел од македонската културна меморија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!