MKinformer

your daily dose of news

Лажен поп нудел погребни обреди за пари на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

03/11/2025 13:54

Необичен инцидент викендов го вознемири Скопје – лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело погребни обреди за пари на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково.

Сведоци раскажуваат дека „попот“ се приближил до семејство кое подготвувало погреб и понудил да го изврши обредот, но во меѓувреме пристигнала полицијата и го привела лицето. „Гробот остана неиспеан“, напиша еден од присутните граѓани во објава што брзо се прошири на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека на 1 ноември 2025 година, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров го легитимирале лицето Б.П., кое вршело верски активности без овластување.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Настанот предизвика бурни реакции кај граѓаните, кои повикаа на поголема контрола на верските активности и злоупотребите на чувствата на луѓето во жалост.

error: Содржината е заштитена од копирање !!