Прегазениот велосипедист кај мостот Гоце Делчев е звучно име од транзицијата
04/11/2025 9:01
Трагедија во главниот град – Јорго Ќука, поранешен генерален директор на ОХИС, почина денеска откако беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на булеварот „Илинден“ во Скопје.
Според првичните информации, во несреќата автомобил удрил во велосипед управуван од 78-годишниот Ќука, кој се движел по булеварот.
Несреќата се случила попладнево, а и покрај брзата интервенција на итната медицинска помош, високиот поранешен директор подоцна им подлегнал на повредите.
Информацијата ја потврди и порталот Експрес, кој објави дека полицијата го истражува случајот за да ги утврди сите околности под кои се случила трагедијата.





