MKinformer

your daily dose of news

Повеќе од 30 ученици и наставници повредени од иритирачки гас во училиште

05/11/2025 20:39

Во германскиот град Шпизен-Елверсберг, во близина на француската граница, се случи инцидент во кој повеќе од 30 ученици и наставници биле повредени од иритирачки гас испуштен во просториите на едно училиште, соопшти денеска локалната полиција.

Според агенцијата ДПА, 29 ученици и тројца наставници претрпеле иритации на дишните патишта и очите. Дел од нив биле пренесени во болница, додека други добиле медицинска помош на лице место.

Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 170 лица. Полицијата сè уште го бара осомничениот за испуштањето на гасот, а видот на супстанцата засега не е утврден.

Наставата е прекината, а училиштето е евакуирано додека трае истрагата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!