MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Пукање во училиште во Крагуевац: 17-годишен ученик ранил две вработени, веднаш бил уапсен

24/11/2026 10:23

Пукање во училиште во Крагуевац се случило утрово, 24 ноември, непосредно пред 8 часот, при што според првичните информации се повредени две лица.

Како што објави српскиот неделник „Време“, повикувајќи се на свои извори, 17-годишен ученик влегол во Првата техничка школа во Крагуевац со малокалибарско оружје и пукал.

Според истите информации, повредени се чистачка и уште едно лице вработено во училиштето.

Полицијата веднаш интервенирала

Полициска патрола која се наоѓала во близина веднаш реагирала и го привела 17-годишниот ученик.

Целиот простор околу училиштето бил обезбеден од полицијата.

Според првичните информации, останатите ученици и професори се безбедни.

Една од повредените не е животно загрозена

„Време“ објави дека повредената жена не е во животна опасност.

Засега нема повеќе официјални детали за состојбата на второто повредено лице, ниту за точните околности и мотивот за пукањето.

Нема ниту официјална информација за тоа како ученикот дошол до оружјето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Напаѓачот е уапсен

Според досега објавените информации, напаѓачот е уапсен веднаш по инцидентот.

Полицијата го обезбедила училиштето и околниот простор, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции во Србија.

Бидејќи станува збор за малолетник и за настан што сè уште се расчистува, повеќе детали засега не се соопштени.

Пукањето во училиште во Крагуевац се случило непосредно пред почетокот на наставата, а според првичните информации сите ученици и професори се безбедни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!