⚡ Денес без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
05/11/2025 8:55
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија поради технички зафати на дистрибутивната мрежа.
📍 Петровец:
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница.
📍 Чаир:
Од 08:30 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе имаат жителите на улиците Ордан Чопела, Петре Георгиев и Челопек.
📍 Гази Баба:
Од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на улицата Вера Вучковска Жезељ во населбата Хиподром.
Од компанијата апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на најавените прекини и да ја исклучат чувствителната електрична опрема додека траат техничките интервенции.




