Дел од Карпош денес без електрична енергија
10/11/2025 9:04
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје информираат дека од компанијата ЕВН Македонија добиле известување за привремен прекин на електричната енергија во делови од општина Карпош.
Според најавата, денес (10 ноември 2025 година), во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците на улица Леринска, во делот околу број 3.
Од ЕВН најавуваат дека прекинот е поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа и апелираат граѓаните да имаат разбирање додека траат работите.



