MKinformer

your daily dose of news

„Марш на ангелите“ во Скопје, родителите на жртвите од „Пулс“ повикуваат на заедничка борба за правда

11/11/2025 13:12

Во сабота, на 15 ноември, во центарот на Скопје ќе се одржи протестниот марш „Марш на ангелите“, во чест на младите животи кои трагично згаснаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Настанот, кој првично беше најавен за Кочани, ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, а маршот ќе продолжи пред Собранието и Основниот кривичен суд во Скопје.

Родителите на 63-те деца кои го загубија животот на 16 март, со силна емоција и достоинство повторно ја повикуваат јавноста да им се придружи во борбата за правда.

„Не бараме милост, бараме вистина. Нашите деца го заслужуваат тоа. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ви треба вашата поддршка“, порачаа родителите во својата видеопорака.

„Маршот на ангелите“ е симбол на љубов, солидарност и одлучност да се врати довербата во правдата и општествената совест.

error: Содржината е заштитена од копирање !!