MKinformer

your daily dose of news

Марш на ангелите во Кочани: Придружете ни се на следниот марш, ние сме тука за вие да не одите по гробишта како нас, не се плашете од притисоци

21/06/2025 21:23

Родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“ повторно се собраа на протест, но овојпат нивниот молк го заменија со свирежи, гневни реакции и јасни пораки што гласно одекнуваа. За разлика од претходните маршеви обележани со тишина и болка, овој протест ја изрази длабоката огорченост и разочараност. Почетокот на маршот беше намерно одложен – симболичен гест што ја отсликува бавната и недоволна реакција на институциите.

Од самиот почеток па сè до крајната точка, присутните испратија недвосмислена порака: трпението е на крај, а одговорноста за трагичната загуба – сè уште изостанува.

Маршот, достоинствен но решителен, покажа дека оваа болка повеќе нема да остане нем сведок. Таа повикува на вистината, правда и конкретни мерки. Сочувството повеќе не е доволно – време е за преземање одговорност.

Родителите уште еднаш поставија прашања: како е возможно да се спроведува контрола во објект кој воопшто не смеел да работи? И уште повеќе, тие алармираа за обиди да се влијае врз сведоци со цел да се прикрие дека токму полицијата ја затворила вратата на дискотеката. Наместо младите да бидат евакуирани, полицајците – според родителите – ги враќале назад, а потоа први побегнале од местото на трагедијата.

Еден од родителите на трагично загинатите се обрати пред толпата и го изјави следнтото:

„Ги повикуваме сите граѓани на овој град Кочани, да не си приклучат масовно на следниот марш, моето дете отиде, за кого марширам?  За вашите деца луѓе, вие што ги имате дома, не дај боже утре ќе ви се случи и на вас истото, за да не куката и вие, ние како што кукаме, за да не одите на гробишта како што одиме ние.

Не им се плашете ако ви вршат притисок. Ако сме сплотени ќе победиме, ќе ја срушиме оваа багра, не се плашете, од што се плашите?

Треба да се плашите за вашите деца, за вашата иднина “

error: Содржината е заштитена од копирање !!