Балканот под закана од обилни дождови и можни поплави, можно заладување по 20 ноември
13/11/2025 17:44
Метеоролозите предупредуваат дека поширокиот дел од Балканот во наредните денови ќе биде зафатен од исклучително обилни врнежи и големо количество воден талог, што може да предизвика појава на поплави во повеќе региони.
Според најавите, од вторник, 18 ноември, се очекуваат силни дождови и во Македонија, при што постои ризик од локални поплавувања на пониските подрачја и покрај речните текови.
Од 20 ноември па натаму, прогнозите укажуваат на можност за значително заладување и вистински почеток на зимата на Балканот, со појава на снег во повисоките предели.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, особено во областите каде што вообичаено се јавуваат поројни води и поплави во услови на обилни врнежи.






