MKinformer

your daily dose of news

Студен бран носи снег низ цела Македонија, температури под -10 од следната недела

10/01/2026 9:26

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските места, додека на повисоките предели и на планините ќе има снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат исклучиво во снег.

Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри. Во останатите региони се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри.

Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 3 и 8 степени Целзиусови.

Во Скопје

Во главниот град претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат само од снег, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2 степени, а дневната максимална ќе достигне околу 4 степени.

Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник.

Од почетокот на следната седмица се очекува значително заладување. Наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, додека дневните ќе останат под нулата, што ќе создаде вистински зимски услови.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење, особено на планинските патишта и повисоките места, каде се можни снежни наноси и поледица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!