Прекини во снабдувањето со струја и вода денеска во неколку делови на Скопје
13/11/2025 9:46
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска делови од градот ќе бидат привремено без електрична енергија и вода поради технички интервенции на мрежата.
Без струја, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците на улиците 8 и 8 во општина Илинден. Исто така, од 08:30 до 12:30 часот, прекин на електрична енергија ќе имаат хотел „Буши“ и делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“ во општина Центар.
Покрај тоа, поради поврзување на нови делови од водоводната мрежа на улицата „Никола Киров Мајски“, од 10:00 часот без вода ќе останат корисниците во населбите Хиподром и дел од Маџари, а во Трубарево водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.
Од РЦУК – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на градежните активности.




