Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
20/05/2026 8:29
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во неколку скопски општини.
Во Општина Центар, од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 7.
Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата „Саса“ – крак 24.
Во Општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од улица „6“ во населбата Бардовци.
Поголем прекин е најавен и повторно во Центар. Од 09:15 до 15:15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современа уметност – Скопје.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите дневни активности поради најавените прекини.




