Сончево време денес, од вторник следуваат дождови и засилен јужен ветер
16/11/2025 12:44
Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 19 степени.
Времето во Скопје:
Во главниот град ќе биде сончево и претежно тивко, со мала до умерена облачност.
-
Температура: 15°C
-
Притисок: 982 hPa
-
Влажност: 60%
-
Ветер: 1 m/s
Прогноза за наредните денови:
Во следниот период ќе има нестабилно време, со честа појава на магла во утринските часови.
Од вторник, се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни — над 30 литри на метар квадратен.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а долж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 km/h.





