MKinformer

your daily dose of news

Нестабилна воздушна маса над Македонија: Локални поплави и невреме во следните 24 часа

18/11/2025 9:47

Македонија од денеска е зафатена од нестабилна и влажна воздушна маса, која според метеоролозите ќе донесе обилен дожд, појава на невреме и можни поплави во наредните 24 часа.

На повеќе локации се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадрат воден талог, што може да предизвика излевање на помали водотеци и застој во сообраќајот. Прогнозите најавуваат и развој на краткотрајно невреме, проследено со засилен јужен ветер кој локално ќе достигнува над 60 km/h, како и појава на ретки грмежи.

Дневните температури ширум земјата ќе се движат меѓу 6 и 18 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално во Скопската котлина може да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, со потенцијал да создаде дополнителни проблеми во сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!