23 годишник од Волково обвинет за злоупотреба на петгодишно девојче
18/11/2025 11:14
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишен жител на Волково, кој, според прибраните докази, извршил други полови дејствија врз девојче кое не наполнило 15 години, дело казниво по член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Според наводите во обвинението, во периодот од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на недолични дејствија, при што ѝ се заканувал да не му каже на нејзиниот татко за случувањата.
Со поднесувањето на обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, оценувајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и повторување на делото.

![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)




