Се допишувал на социјални мрежи со девојче (12), па го силувал
13/06/2026 19:25
Ужас во Битола: 36-годишен во повеќе наврати силувал 12-годишно девојче
Триесет и шестгодишен маж се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете. Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него.
Што му се става на товар?
Според обвинителството, од јануари до јуни годинава, во неколку наврати, осомничениот вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело, Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Контакт преку социјални мрежи
„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело, прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик“ , стои во соопштението на обвинителството.
Обвинителството бара притвор
Поради:
-
можноста за повторување на делото
-
опасност од бегство
-
можно влијание врз оштетената и нејзиниот исказ
-
можност за влијание врз други сведоци
јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

