Две лица повредени во сообраќајка кај Горно Лисиче: Превртен автомобил по судир со камион
18/11/2025 12:49
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во близина на железничкиот премин кај Горно Лисиче, на патот кој води кон Пинтија.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа превртен автомобил, за кој се претпоставува дека се судрил со камион пред да заврши на кров.
Според првичните информации од терен, екипа на Брза помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и констатирала полесни повреди кај две лица.
Надлежните служби работат на расчистување на локацијата, а официјални детали за причините и околностите на несреќата се очекуваат во текот на денот.






