Комбе со пари киднапирано и уништено близу границата со Косово
18/11/2025 17:43
Возило што превезувало државни пари вчера околу 17:50 часот било киднапирано на патниот правец Нови Пазар – Рашка, во близина на местото Куќане, соопшти Министерството за внатрешни работи на Р. Србија. Случајот го потврди Полициската управа Краљево.
Според првичните и неофицијални информации, комбето на фирма специјализирана за транспорт на пари пренесувало околу 235 милиони динари. Медиумите пренесуваат дека вооружениот напад е извршен од засега непознат сторител, кој по преземањето на возилото го однел во селото Јабланица, каде што подоцна го запалил.
Селото Јабланица се наоѓа непосредно до административната линија со Косово, што дополнително ја отежнува истрагата. Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот и на утврдување на идентитетот на напаѓачот.






