MKinformer

your daily dose of news

Ненадејно почина пејачот Шпат Касапи, омилена фигура на регионалната сцена и син на поранешна македонска пратеничка

26/11/2025 11:04

 Познатиот пејач Шпат Касапи почина ненадејно, објавија албанските медиуми во Македонија. Според првичните информации, 39-годишниот пеач доживеал ненадеен срцев удар.

Касапи, е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, ја започна својата кариера на почетокот на 2000-тите и многу брзо стана омилено име на регионалната музичка сцена. Неговите хитови како „Ме сакаш ли?“, „Неограничена љубов“ и „Нејзина арома“ оставија силен белег и продолжуваат да се слушаат и денес, потсетувајќи на еден препознатлив глас и стил.

Неговата загуба ја потресе и јавноста и колегите, кои го паметат како скромен, талентиран и исклучително посветен на својата уметност.

Шпат Касапи беше син на Ѓулумсер Касапи, поранешна пратеничка на СДСМ во македонското Собрание.

error: Содржината е заштитена од копирање !!