MKinformer

your daily dose of news

Македонија тагува: Почина маестро Ристе Велков

22/05/2026 9:40

Македонија остана без својот глас: Загина маестро Ристе Велков – уметник, патриот, македонист

Не можеше поинаку. Болката мораше да добие име. И тоа име е Ристе Велков.

Синоќа, на темната скопска обиколница, меѓу Визбегово и Мирковци, застана времето. Застана за четворица. Но за Македонија, застана за еден – маестро Ристе Велков – човекот кој со својот глас ги растреперуваше ѕидовите на Македонската опера и балет, а со своето срце ги растреперуваше сите што го знаеја.

Уметникот со душа на сокол

Ристе Велков не беше само оперски пејач. Беше институција. Човек кој на сцената ставаше повеќе од костим и ноти, ставаше душа, срце и огромна емоција. Секоја негова изведба беше исповед, секоја висока нота, поглед кон татковината.

Но она што маестрото го носеше во гради зад сцената, тоа беше уште поголемо од кој било оперски ариец.

Патриот со големо „П“

Ристе Велков беше голем македонист. Еден од оние ретки што не се плашеше да го каже името Македонија гласно, гордо, без трепкање. На секој собир, на секој настап, пред секој микрофон, тој зборуваше за својот народ, за својата историја, за светлата иднина на својата татковина.

Неговата љубов кон Македонија не беше наметната. Беше вродена, искрена, огнена. Тој беше македонски сокол закопан во свила и ноти. Беше глас кој пееше за Македонија, но уште погласно зборуваше за неа.

Семејството остана без Ристе, Македонија без син

Најтешко е за семејството. За неговите најблиски, за неговите деца (меѓу кои и едено од младите сопатници беше ќерка му сокоја замина кон вечноста). Тагата што ја носат тие е неизмерна. Ние можеме само да клекнеме во тишина.

А маестрото? Замина онака како што и живееше, како великан. Но со една страшна неправда, прерано. Преболно. Презадолжливо.

Спиј мирно, маестро. Македонија никогаш нема да те заборави.

Почивај во мир, Ристе. Твојот глас уште долго ќе одекнува низ салите, низ спомените, низ срцата на сите што имаа чест да те слушаат и да те сакаат. Ти не си само загуба. Ти си опомена. Македонија остана без свој верен син. А ние, без дел од себе.

Фала ти за се. За песната. За борбата. За Македонија.  Почивај во мир Ристе🖤

Редакцијата на МК Информер со длабока тага, изразува сочувство на семејството Велков

error: Содржината е заштитена од копирање !!