MKinformer

your daily dose of news

Дали струјата поскапува за 5% од јануари? – ЕСМ понуди повисока цена на тендерот на ЕВН Хоум

27/11/2025 16:35

Дали граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за електрична енергија од јануари? Согласно новите податоци, државната ЕСМ на тендерот објавен од Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ понудила цена од 65 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 4,84% во однос на минатогодишната понуда од 62 евра.

Оваа цена се однесува на покривање на 100% од потребните количини за домаќинствата и малите потрошувачи во текот на целата 2026 година, а токму понудата на ЕСМ е најважниот фактор што ја определува крајната цена за граѓаните.

Од „ЕВН Хоум“ информираа дека на тендерот пристигнала само една понуда – онаа од ЕСМ – и дека е речиси 5% повисока од претходната.

Паралелно со ова, Регулаторната комисија за енергетика до крајот на месецов треба да ги утврди новите цени за пренос и дистрибуција, но според досегашните најави, таму не се очекуваат значајни промени.

Доколку не се случи пресврт, граѓаните најверојатно ќе се соочат со ново поскапување на електричната енергија од почетокот на 2026 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!