MKinformer

your daily dose of news

Ограбено 13 годишно девојче со нож во Градски Парк, претепан нејзиниот 14 годишен другар

04/12/2025 23:46

Две лица со закана со остар предмет ограбиле 13-годишна девојка во Градскиот парк во Скопје, а потоа едниот од напаѓачите физички го нападнал нејзиниот 14-годишен другар. Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера (03.12.2025) околу 19 часот во СВР Скопје од И.М. (55) од Скопје, кој ја пријавил кражбата и нападот врз малолетните лица.

Од девојката биле одземени пари под закана, додека момчето претрпело физички напад. Надлежните службеници преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот и пронаоѓање на сторителите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!