Кривична пријава за директорка од Делчево, пријавена за фалсификуван тест по англиски јазик
05/12/2025 12:31
СВР Штип – ОВР Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (53) од Делчево поради сомневање за кривично дело „фалсификување исправа“ согласно член 378 од Кривичниот законик. Според истрагата, пријавената на 1 јуни 2023 година набавила фалсификуван тест за познавање англиски јазик од Бугарија и го користела како дел од документацијата за јавниот оглас за избор на директор на Средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.
Тестот бил приложен на 29 јуни 2023 година, по што комисијата утврдила дека кандидатката ги исполнува условите. Врз основа на записникот, бил испратен предлог до градоначалникот, кој на 12 јули 2023 година донел решение со кое Д.Ц. била назначена за директорка на училиштето.
Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство Делчево за понатамошна постапка.

![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)




