43-годишна жена нападнала полицајци во Ѓорче Петров
06/12/2025 11:03
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 21:55 часот интервенирале на подрачјето на Ѓорче Петров, каде биле принудени да ја приведат 43-годишната А.Р. од село Мршевци, скопско.
Според информациите, жената се однесувала агресивно кон полицијата додека траеле службените дејствија, поради што било извршено нејзино приведување.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против неа.





