MKinformer

your daily dose of news

ГОЛЕМА НОЌНА АКЦИЈА НА МВР: Уапсени повеќе лица во Скопје за дрога

08/12/2025 14:37

Во текот на ноќта меѓу 7 и 8 декември, полицијата спроведе засилена акција на повеќе локации во Скопје и уапси повеќе лица поради поседување наркотични средства. Како што информира Министерството за внатрешни работи, слободата им била одземена на Д.С. (35), Д.П. (33), И.Ј. (35), Ј.Н. (36), С.Т. (34), А.С. (41), Д.К. (24) и К.С. (38) – сите од Скопје, како и на Б.Ѓ. (42) од Илинден, С.А. (35) од Кавадарци, Н.А. (34) од Велес и Х.Д. (25) од Гостивар.

При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја, таблети, марихуана, како и дробилка за подготовка на дрога.

Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случаите, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!