Му зеле пари да купат градежни материјали и да му ја доградат куќата, но исчезнале со парите
11/12/2025 1:05
Во СВР Скопје вчера (09.12.2025) во 14:45 часот пријавено е ново дело на измама. Четириесет и четиригодишен жител на скопско информирал дека во септември бил доведен во заблуда од лица идентификувани како Б.Н. и Р.Н., на кои им доверил сума од 74.000 денари.
Според пријавата, парите им биле дадени за набавка на материјал од стовариште и за довршување градежни работи во неговиот дом. Подоцна дознал дека материјалот воопшто не бил платен, а лицето Б.Н. целосно го избегнувало контактот, по што сфатил дека станува збор за измама.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.






![Ha дeceтинa гpaѓaни викeндoв им e иcпpaзнeтa бaнкapcкaтa cмeткa oд хaкepи - нe cтaнyвa збop зa мaлa cyмa нa пapи 9697742-bankomat-900-556-680x420[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/9697742-bankomat-900-556-680x4201-1.jpg)