(ВИДЕО) Пристигнаа голем број полициски и возила на Брза помош: Вечерва тешка сообраќајна несреќа
14/12/2025 0:17
Вечерва на регионалниот пат Гостивар – Тетово се случила сериозна сообраќајна несреќа, пренесува ТВ21. На местото на инцидентот пристигнале голем број полициски екипи, возила на Итната медицинска помош и противпожарната служба.
Според првичните информации и снимки објавени од јавноста, на терен одекнуваат сирени од сите страни, а службите активно интервенираат.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница моментално се одвива со големи потешкотии. Повеќе детали се очекуваат по официјалниот извештај од надлежните институции.






