(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Маџари, 2 повредени
28/04/2026 23:45
Тешка сообраќајна несреќа во Маџари: Веспа удри во Форд Фокус, повредени две лица
Екипата на МК Информер вечерва е на самото место на настанот во скопската населба Маџари, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа.
Според сознанијата од лице место, мотор „Веспа“ удрил во патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки. Инцидентот се случил во скопската населба Маџари на Тријангла.

Две лица повредени, пренесени во болница
Како што пренесува нашиот репортер од терен, во несреќата се повредени две лица, возачот и совозачот на мотоциклот. Веднаш по ударот, на местото на настанот пристигнале екипи на Итна медицинска помош.
Двете повредени лица со возило на брза помош се пренесени во болница на понатамошно лекување. Засега не се знае точната состојба на повредените.
Сообраќајот во прекин
Поради увидот што го вршат полициски службеници од СВР Скопје, во овој дел од Маџари сообраќајот е отежнат, на моменти во прекин. Од јавноста се бара трпение и користење на алтернативни правци.
МК Информер останува на терен и ќе ве известува за сите нови детали.




![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)
