MKinformer

your daily dose of news

Сончево и релативно топло време, утринска магла во делови од Македонија

15/12/2025 9:27

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност и пријатни дневни температури кои ќе се движат од 8 до 13 степени Целзиусови.

Во утринските часови, на одделни места, особено по котлините, ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне во одредени делови од котлината се очекува слаба магла, додека во текот на денот времето ќе биде сончево, стабилно и речиси без ветер.

И утре утрото повторно ќе има услови за појава на магла на некои локации, но преку денот ќе преовладува сончево време со дневни температури од 8 до 14 степени. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!