ЕВН со најавени исклучувања: Кои делови од Скопје денеска ќе останат без струја
16/12/2025 9:33
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје и скопско, денеска (16 декември 2025 година).
Според најавата, прекините ќе се реализираат во различни временски периоди и ќе опфатат повеќе општини.
-
Од 08:20 до 14:20 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Марино, во Општина Илинден;
-
Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица Козле – крак 2, во Општина Карпош;
-
Од 10:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од улиците 1511 и 1512, зад Автосервисот „Мечкаров“, во Општина Кисела Вода;
-
Од 11:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата Коце Металец, во Општина Гази Баба.
Од надлежните служби апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.




