MKinformer

your daily dose of news

Полицијата пронашла ранет маж со пиштол на кеј на Вардар

19/12/2025 22:29

На кејот на реката Вардар завчера бил пронајден 47-годишен маж со повреда од огнено оружје, а веднаш до него полицијата пронашла и пиштол. Лицето било префрлено на скопските клиники за медицинска грижа.

Според информациите од МВР:
– „На 17.12.2025 во 12:35 часот во Полициската станица Аеродром од Итна медицинска помош е пријавено дека на кеј на река Вардар бил пронајден 47-годишен маж со повреда од огнено оружје, а до него бил пронајден пиштол.“

Полицијата извршила увид на местото и работи на утврдување на околностите на инцидентот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!